Connect with us

Чувајте го син ми! Семејна пресметка на дуелот Борец – Тиквеш

Борец ги посакува првите бодови во новата сезона, а Тиквеш има уште поголеми мотиви по ремито со актуелниот првак Шкендија. Овој навидум обичен прволигашки меч меѓу две екипи на кои опстанокот им е приоритет, во преден план ја има семејната пресметка на Христови.

Борче Христов е тренер на Борец, а најголемата опасност кон неговиот тим доаѓа од неговиот син Симеон Христов кој е напаѓач во составот на Тиквеш.

„Правете што ќе правите, ама чувајте го син ми“, веројатно е реченицата што тренерот веќе им ја соопштил на фудбалерите на Борец.

Велешкиот тим во првото коло доживеа минимален пораз (1-0) од Работнички на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Во фокусот е и тетовското дерби меѓу Шкендија и Ренова. Актуелниот првак нема постигнато гол цели 450 минути вклучувајќи ги и европските мечеви, а новиот тренер Бруно Акраповиќ се обидува да го санира проблемот.

Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ ја пречекува Македонија ЃП, а Струга Трим Лум е домаќин на Пелистер. На „Автокоманда“, тимот на Скопје ќе ја нагости Брегалница, а во вечерен термин во Струмица ќе играат Академија Пандев и Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови