
Фудбалската репрезентација на Македонија в петок, со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за Светското првенство, a противник е селекцијата на Белгија. За Белгијците ова ќе биде прв натпревар во тековните квалификации, што отвора прашање дали нивната натпреварувачка „премиера“ може да претставува предност за нашата селекција.
Но, за македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, тоа не е тема на дискусија. Тој порачува дека против кого и да играат, македонските репрезентативци го даваат максимумот.
„Зад мене е добра сезона, имав добра минутажа, а сега е време да се сконцентрираме на репрезентативните обврски. Во денешниот фудбал нема фаворити. Ако одработиме сè што е договорено пред натпреварот, мислам дека нема да имаме никаков проблем“, изјави Чурлинов.
Чурлинов не се вознемирува од големината на името на противникот.
„Противникот воопшто не е важен. Дали е тоа Белгија или Казахстан, тоа воопшто не е тема. Ние играме за Македонија. Се подготвуваме како што треба, анализираме, и ќе се уверите сами во петок дека сме подготвени за овој предизвик“, додаде офанзивецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Барони е нов тренер на Торино

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски
