Connect with us

Чупо-Мотинг останува во Баерн Минхен и следната сезона

Баерн Минхен постигна договор со напаѓачот Ерик-Максим Чупо-Мотинг за продолжување на договорот. Камерунскиот репрезентативец, чиј актуелен договор истекува на крајот од оваа сезона, ќе потпише уште една година со Баварците.


Најдобриот стрелец ќе добие и значително зголемување на платата, а веста се очекува да биде официјализирана наредните денови.


Оваа сезона, Чупо-Мотинг направи бум во дресот на Баерн. Успеа да се наметне како стартер по заминувањето на Роберт Левандовски. Постигна девет гола на 16 натпревари во Бундес-лигата, а исто така постигна по три гола во Лигата на шампионите и во Купот на Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови