
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, донел одлука дека Конгресот на ФИФА на 11 декември ќе се одржи онлајн, а и за ждребот за квалификациите за Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, е донесена истата одлука. Ова значи дека Македонија за првпат во историјата ќе ги дознае своите противници во квалификациите за СП онлајн, наместо со традиционалниот ждреб.
Инфантино ја донел оваа одлука за да ги задржи медиумите надвор од Цирих, и истовремено да спречи поставување незгодни прашања, бидејќи од март минатата година не давал изјави по добивањето на новиот мандат како претседател на ФИФА.
Во новиот формат на квалификациите ќе учествуваат 55 репрезентации, кои ќе бидат распределени во седум групи по пет репрезентации и пет групи по четири репрезентации. Репрезентациите во групите со пет тимови ќе започнат со квалификациите во март 2025, додека тимовите од помалите групи ќе започнат во септември.
Победниците на 12 групи директно ќе се пласираат на Светското првенство, а преостанатите четири патници ќе се решат преку бараж. Македонија досега нема обезбеди пласман на СП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
