Напаѓачот на Болоња, Чиро Имобиле, доживеа повреда на дербито против Рома (0-1) и ќе паузира околу осум недели. Медицинските прегледи потврдија дека станува збор за мускулна повреда, поради која репрезентативецот на Италија принудно го напушти теренот уште по половина час игра.
Покрај него, проблеми имаше и Николо Казале, кој исто така се повреди во истиот натпревар. За дефанзивецот прогнозите се нешто подобри – тој ќе биде надвор од терените околу еден месец, поради повреда на феморалниот бицепс на десната нога.
Ова е сериозен удар за Болоња, која се надеваше на силен старт на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













