Connect with us

Четворица „кралеви“ ќе добијат дозвола да си заминат

Реал Мадрид, актуелниот шпански и европски шампион, во 2023 година ќе се ослободи од најмалку четворица фудбалери. Марко Асенсио, Дани Себалјос, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз си заминуваат од „Сантијаго Бернабеу“.


Тренерот Карло Анчелоти оцени дека клубот не треба да го продолжи договорот со овие фудбалери.


На лето истекуваат и договорите на Лука Модриќ, Карим Бензема, Тони Крос и Начо Фернандез, но Реал би сакал да ги задржи четворицата и следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови