Репрезентацијата на Чешка се пласираше на ЕП по убедливата победа од 3-0 против Молдавија и пласманот на втората позиција во групата Е.
Од 14. минута Чешка водеше, навестувајќи доминантна игра во продолжението. што се случи. Предноста ја зголемија Томаш Чори во 72. и Томаш Соучек во 89. минута.
Сепак, селекторот Јарослав Шилхави се реши на потег кој никој не го очекуваше и се откажа од репрезентацијата.
По натпреварот тој во интервју за националната телевизија откри дека повеќе не планира да го води тимот и дека поднел оставка од селекторската функција.
„Иако сега сме среќни, ние веќе решивме пред натпреварот да не продолжиме. Тоа е одлука која не е донесена преку ноќ. Некогаш имавме премногу голем притисок, кој не можев да го сфатам. Не се работи само за мене, туку за целиот мој стручен штаб“, изјави Јарослав Шилхави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













