Челси го насочи вниманието кон крилото на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо. Според информациите на „Атлетик“, двете страни веќе започнале преговори.
Аргентинецот се соочи со тешкотии на почетокот од мандатот на Рубен Аморим, бидејќи неколкупати беше изоставен од стартниот состав, а неговото време на теренот значително се намали. Сепак, 20-годишниот играч беше стартер во победите против Арсенал и Борнмут минатата недела.
Интерес за Гарначо покажаа и други клубови, но сè уште не е јасно дали Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со играчот. Рубен Аморим неодамна го пофали за неговата добра адаптација. Челси е најновиот клуб кој покажа интерес за крилото на „црвените ѓаволи“, а претходно Наполи упати понуда која беше одбиена од „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













