Ненадејно се појавија нови проблеми за Челси, а сето тоа поради двата трансфери кои се случија во ерата на Роман Абрамович.
Според англиските медиуми, истрага е покрената поради тајни плаќања од тогашното раководство на Челси.
И веднаш се откри за какви трансфери станува збор. Имено, чудни плаќања се случиле кога се во прашање трансферите на Самуел Ето и Вилијан.
Причината се чудни плаќања со клуб од Русија, а се работи за Анжи, а сега наеднаш сѐ е под истрага.
Англиските медиуми тврдат дека се случиле некои дополнителни плаќања кои не се дел од трансферот, но се наведени како дел од трансферот.
Анжи го доведе Вилијан за 30 милиони евра од Шахтјор во јануари 2013 година, а осум месеци подоцна за исто толку пари го продаде на Челси.
Од друга страна, неколку дена подоцна, Ето се пресели во Челси како слободен играч.
Се наведува и дека ниту еден играч наводно не бил свесен за ништо кога станува збор за наводните сомнителни уплати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













