Connect with us

Челси со пет гола го поздрави Вест Хем во лондонската пресметка (ВИДЕО)

Брутална победа на Челси во лондонското дерби против Вест Хем, и тоа на гостински терен. Навивачите на Вест Хем веќе по еден час игра почнаа да го напуштаат стадионот, а на крајот резултатот беше убедливи 1-5.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во шестата минута. Лукас Пакета со мајсторски удар постигна прекрасен гол за 1-0.

Но, радоста траеше само девет минути – по корнерот на Нето, Кукуреља ја префрли топката до Жоао Педро, кој израмни на 1-1.

Челси направи целосен пресврт во 23. минута, кога Жоао Педро центрираше низ средината, а Педро Нето погоди за 1-2.

Во 34. минута блесна Естевaо – како експресен воз ја проби десната страна и упати повратна топка кон Енцо Фернандез, кој само ја затресе мрежата за големи 1-3.

Вест Хем бараше гол на стартот од вториот дел, но наместо тоа, прими нов. По корнер од левата страна, голманот Хермансен ја испушти топката, а Каиседо рутински ја смести во мрежата за 1-4.

Само три минути подоцна следуваше и „петарда“. Педро Нето изведе нов корнер, Жоао Педро ја доби топката и му асистираше на Чалоба, кој погоди за конечни 1-5.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови