Connect with us

Челси му нуди нов договор на Н’Голо Канте до 2026 година

Челси му понуди на францускиот репрезентативец Н’Голо Канте продолжување на договорот до 2026 година, објави весникот „Марка“. Актуелниот договор на играчот од средниот ред истекува во јуни и тој сега може да преговара со други тимови, бидејќи за него има сериозен интерес од Барселона.


Во Челси, пак, се решени да го задржат Канте уште три години и тој да им помогне на „сините“ да изградат нов и силен тим.

Канте нема играно од август кога заработи повреда на коленото. Тој го пропушти и Светското првенство во Катар, каде Франција играше во финалето, но загуби на пенали од Аргентина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови