Челси загуби со 2-1 на гостувањето против Астон Вила, но и покрај тоа успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите завршувајќи на четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата. Томас Тухел и соиграчите треба да му кажат „благодарам“ на Тотенхем кој успеа да направи пресврт и да слави со 2-4 на гости против Лестер, директниот ривал на Челси во трката за ЛШ. Герет Бејл беше двоен стрелец во финишот, Шмајхел си постигна и автогол претходно.
Ливерпул сам си ја кроеше судбината и го совлада Кристал Палас (2-0) со двата гола на Садио Мане.
Манчестер Сити го декласира Евертон со 5-0 за прослава на шампионската титула. Серхио Агуеро се прости со два гола, а претходно стрелаа Кевин де Бруин, Габриел Хесус и Фил Фоден.
Лидс Јунајтед го совлада ВБА со 3-1, а Езгјан Алиоски го одигра целиот натпревар за домаќинот. Манчестер Јунајтед славеше со 1-2 на гости Вулвс, со головите на Ентони Еланга и на Хуан Мата.
Арсенал го совлада Брајтон со 2-0, со двата гола на Николас Пепе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













