
Европскиот првак Челси е сериозно заинтересиран за ангажманот на францускиот интернационалец Кингсли Коман од Баерн Минхен. Менаџерот Томас Тухел добро ги знае неговите квалитети уште од периодот кога работеше во Бундес – лигата, а сега сака да го има на располагање на „Стемфорд бриџ“.
Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна откако играчот не може да се договори со клубот за продолжување на соработката, а договорот му истекува во 2023 година. Тој бара двојно поголема плата за да потпише нов договор, па преговорите се во застој.
Челси сака да ја искористи оваа ситуација, а Баерн Минхен би се сложил на продажба за одредена отштета за да не се отвори нов случај како Давид Алаба, кој на крајот замина од „Алијанц арена“ како слободен агент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
