Челси не запира со активностите на трансфер-пазарот и продолжува да се стреми кон две клучни засилувања, голманот на Милан, Мајк Мењан, и крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејми Беноа-Гитенс.
Лондонскиот клуб веќе испрати прва понуда за францускиот репрезентативен голман во износ од 10 милиони евра, но „росонерите“ ја одбија. Сега, според „Газета дело Спорт“, Челси ја зголемил понудата на 18 милиони евра и инсистира на конечен одговор до 10 јуни (вторник), кога истекува вонредниот трансфер-прозорец поврзан со Светското клупско првенство. Мењан има уште една година од договорот со Милан и, според информациите, е подготвен за трансфер на „Стемфорд бриџ“.
Освен голман, Челси се обидува да го доведе и еден од најперспективните англиски офанзивци, Џејми Беноа-Гитенс од Борусија Дортмунд. Германскиот клуб веќе одбил понуда од 35 милиони евра, но „сините“ подготвуваат подобрена понуда. Играчот изразил желба да игра за Челси, а клубот му подготвил долгорочен договор на седум години.
Беноа-Гитенс минатата сезона забележа осум голови и четири асистенции во 32 натпревари во Бундес-лигата.
Досега Челси веќе го засили составот со напаѓачот на Ипсвич, Лијам Делап, и со играчот за врска на Спортинг Лисабон, Дарио Есуго. Сепак, изгледа дека трансфер-активностите на клубот се далеку од завршени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













