Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги отфрли критиките за одлуката дека, за разлика од Русија, Белорусија нема да биде исклучена од квалификациите за ЕП 2024 во Германија, пренесуваат германските медиуми.
„Малку е популистички да се бара протерување и на Белорусија. Во моментов не гледаме причина за тоа. Ако работите се сменат, сигурно ќе реагираме. Политичарите треба да ги почитуваат нашите овластувања за одлучување. Ние исто така не им проповедаме на политичарите и владите што треба да направат“, изјави Чеферин во интервју за „Sport Bild“.
Неодамна, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) писмено до УЕФА побара не само Русија, која води агресивна војна, туку и Белорусија, како клучен сојузник на Русија, да биде исклучена од сите меѓународни фудбалски натпревари и турнири.
На Белорусија сега и е дозволено да учествува на натпревари под покровителство на УЕФА, но мора да ги игра домашните натпревари надвор од земјата и без публика. На неделниот ждреб за ЕВРО 2024, Белорусија беше извлечена во група заедно со Андора, Израел, Косово, Романија и со Швајцарија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













