Словенецот Александар Чеферин доби уште еден мандат на чело на УЕФА, а ќе го посвети на борбата против формирање на Суперлигата. Во ова здружение останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.
„Во фудбалот нема место за картели. Играта не му припаѓа на никого конкретно, туку на сите подеднакво. Интересот на мнозинството треба да биде над оној на само три клуба“, изјави претседателот на УЕФА.
„Оние кои го промовираат проектот за Суперлига тврдат дека сакаат да го спасат фудбалот. Сепак, Суперлигата стана лик во бајката за Црвенкапа. Ова е волкот преправен во бабата. Кого го залажуваат? Никого. Тие се картел. За нив парите се поважни од трофеите“, додаде Чеферин.
Словенецот ги прокоментира и критиките упатени кон англиската Премиерлига.
„Да не заборавиме дека зависта никогаш не била добар советник. УЕФА и нејзините клупски турнири до пред неколку месеци беа посочувани како зло во фудбалот. Се чини дека Премиерлигата веќе е нападната. Откако британската влада, локалните навивачи и самите клубови кажаа „НЕ“ за Суперлигата, Премиерлигата се демонизира и на свој начин се карактеризира како Суперлига која мора да се уништи. Сепак, успехот на Премиерлигата не е случаен“, посочи првиот човек на европскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













