
Претседателот на УЕФА, Александeр Чеферин, откри дека постои можност завршницата од Лигата на шампионите да се игра по моделот на кошаркарската Евролига. Тоа значи дека би се организирал завршен фајналфор турнир.
УЕФА беше принудена да биде домаќин на такво финале во Лигата на шампионите пред две години поради пандемијата на коронавирусот.
„Не успеавме да преговараме поради пандемијата. Мислам дека тоа би било одлична работа. Тоа би било понеизвесно натпреварување и многу поинтересно за навивачите. Разговарав за тоа со дел од претседателите на клубовите, на пример ПСЖ, и тие се согласуваат. Европскиот фудбал е поголем од НФЛ – лигата, но Супербоул е огромен спектакл. Треба да решиме едноставна равенка – да им обезбедиме на клубовите компензација за парите што ќе ги загубат како домаќини во полуфиналето“, изјави Чеферин, најавувајќи голема револуција во иднина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
