Чави Хернадез се врати во Барселона, го презеде кормилото и веднаш реши да промени неколку работи по пристигнувањето во клубот. Тој веќе подели и неколку откази, реши целосно да го смени лекарскиот тим бидејќи Барселона неколку сезони се бори со повреди, а го смени и кондицискиот тренер.
Шпанските медиуми откриваат дека Чави одлучил да воведе некои нови правила кои фудбалерите ќе мора да ги почитуваат бидејќи смета дека некои од нив се премногу опуштени и тоа мора да се промени.
„Мундо Депортиво“ објави дека Чави вовел пет правила за играчите на Барселона и тие сигурно нема да бидат премногу воодушевени поради тоа.
Првото правило важи за Жерар Пике, кому му е забрането да патува во текот на сезоната поради приватни обврски, особено кога е надвор од теренот поради повреда. Тренинзите ќе бидат подолги и играчите ќе поминуваат повеќе време во тренинг центарот.
Исто така, им се забранува и приватни тренинзи. Четвртото правило е дека нема дискусија и кавга за начинот на кој се игра натпреварот, а последното се однесува на социјалните мрежи каде играчите сега ќе мора многу да внимаваат што пишуваат и објавуваат.
Чави сака веднаш да покаже дека нема да биде премногу попустлив кон фудбалерите со кои играше во Барселона со години, бидејќи неговата цел е да покаже авторитет и да се однесува подеднакво со секој играч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













