
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, изјави дека е тешко да се подготви неговиот тим доволно добро за преостанатите натпревари во Ла Лига, откако титулата веќе е освоена. Синоќа Каталонците загубија со 3-1 на гостувањето кај Валјадолид, кој продолжува да се бори за опстанок во Ла Лига.
„Тешко е да се подготвиш за овие натпревари кога ќе се постигне целта. Овие резултати се плод на релаксација. Се обидовме, но две грешки значеа дека бевме во негатива од 2-0. Добро се претставивме во првите дваесет минути, но потоа нивото ни падна. Резултатот е реален. Повеќе им требаше победата и тоа се покажа клучно. Не се претставивме најдобро со веќе освоена титула. Сепак, јас сум горд на овој тим и успеавме да пораснеме во тешки времиња“, изјави Чави.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
