Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, призна дека и самиот бил изненаден од желбата на повредените Роберт Левандовски, Френки де Јонг, Педри и Жул Кунде да играат на утрешното „Ел Класико“. Четворицата денеска учествуваа на тренингот на Каталонците, но тренерот одби да потврди дали некој од нив ќе започне во пресметката со Реал Мадрид.
„И јас бев изненаден кога ги видов на нашиот тренинг. Тоа се играчи кои ги отпишавме, но тие сепак сакаат да бидат достапни. Сите наши играчи сакаат да учествуваат на „Ел Класико“. Сите повредени сакаат брзо да се вратат и се чувствуваат добро. Од друга страна сакаат веднаш да играат, па ќе видиме. Левандовски го одработи целиот тренинг и тоа со многу добри чувства. Сепак, нема да ви дадам никакви навестувања за мојот состав. Ќе играат оние кои се во најдобра состојба. Не смееме да погрешиме и да искористиме фудбалер кој не е 100% подготвен“, изјави Чави.
Тој се осврна и на противникот.
„Во Мадрид го сменија системот и сега играат со двајца напаѓачи. Винисиус и Родриго одат длабоко и го напаѓаат просторот. Тоа е голем тим со многу силни страни. И двата клуба имаат обврска да победуваат, а фаворит речиси никогаш нема, шансите се 50:50. „Ел Класико“ секогаш е непредвидлив. Дали Араухо ќе го чува Винисиус? Ќе видиме. Го имаме и Кансело, а тој може да игра не само како бек, туку и во центарот на одбраната, како крило или како играч од средниот ред. Имаме многу алтернативи, па ќе видиме утре“, остана таинствен Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













