Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше воодушевен од успехот од 3-2 над Селта. Каталонците имаа негатива од 0-2 до 80. минута, но успеаја да направат неверојатен пресврт во последните десет минути и да ги освојат трите бода.
Тренерот Чави изјави дека неговите играчи покажале карактер на победници.
„Не одигравме добро, но стигнавме до епска победа. Покажавме карактер на победници. Историски, тоа ни недостигаше. Тоа покажува дека генерациите се менуваат. Тимот не се предаде, иако губеше со 0- 2 дома. Оваа генерација се бори до самиот крај. Она што се случи сега е неверојатно. Ова е пресвртница за победничкиот лик што го градиме. Не одигравме добро, но покажавме карактер, верба“, изјави Чави.
Сепак, стратегот на Барселона призна дека имал забелешки за настапот на неговиот тим за време на натпреварот.
„Победата е слатка, но дали беше подобра од оние против Бетис и Антверпен? Не, тоа не е наш начин. Нашиот начин се виде тој ден кога добро ја движевме топката, притискавме високо. Секогаш кога ќе го намалиме интензитетот, тимот страда“, истакна шефот на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













