
Барселона денеска ќе го пречека Елче во Ла Лига, а каталонците се надеваат на победа на овој натпревар за да се доближат до врвот на табелата.
Чави Хернандез во најавата за мечот упати критики за дел од своите играчи.
„Некои фудбалери имаат проблем да ја разберат позициската игра, но тоа не е изненадување за мене. Ќе ни биде потребен одреден период додека да заиграме како што јас посакувам“, изјави легендарниот Чави.
Аналитичарите веруваат дека доаѓањето на Чави ја подобри играта на каталонскиот тим, но дека тимот се уште има проблеми со кондицијата, како и со движењето без топка, на што инсистира легендата на каталонците.
„Ќе биде тешко да се засили тимот со оглед на моменталната економска ситуација во Барселона. Сепак, му кажав на претседателот што ми треба, и на краток и на долг рок“, одговори Чави на прашањето дали има решенија за засилувања во тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
