
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, изрази мислење дека поразот од Реал Мадрид (1-2) е незаслужен. Каталонците поведоа со голот на Гундоган на самиот почеток од средбата, но по головите на Џуд Белингам „кралевите“ стигнаа до трите бода.
„Резултатот е незаслужен, но тоа се случува во фудбалот кога не ги користите вашите шанси. Доминиравме против Реал речиси еден час, но никогаш не успеавме да постигнеме втор гол. Кога промашувате, а противникот постигнува гол, тогаш доаѓа разликата. Мора да продолжиме да работиме“, прокоментира Чави.
„Не бевме доволно ефикасни пред голот. Реал страдаше во големи периоди од натпреварот, но кога не постигнуваш гол, ризикуваш да загубиш“, додаде тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
