Connect with us

Чави: Ќе си заминам веднаш, ако почувствувам дека фудбалерите не ме поддржуваат

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, зборуваше пред утрешното осминафинале во Копа дел Реј, во кое Каталонците се домаќини на третолигашот Унионистас де Саламанка. Логично, главниот дел од прес-конференцијата се одвиваше во знакот на многу лошото издание на тимот и убедливиот пораз од Реал Мадрид (1-4) за Суперкупот.


„Денот кога ќе забележам дека играчите не се со мене и не ме поддржуваат, ќе си ги земам работите и ќе си заминам. Време е да го промениме чипот. Пред некој ден со Реал Мадрид одигравме многу лошо и сакаме сега да ги направиме работите многу подобро. Јасно е дека сме фаворити со Унионистас, но тоа мора да го докажеме, тие имаат потенцијал и ќе биде тешко“, изјави Чави.


„Титулите отсекогаш ми биле цел и секогаш сум го велел тоа. Кога потпишав за Барселона, задачата беше да се најдеме во топ 4 и тоа го постигнавме. Минатата година целта беше освојување на лигата и Суперкупот, надминувајќи ги очекувањата. Оваа година целта е да се освојат важни трофеи – Купот, Лигата или Лигата на шампионите. Ако целите не се исполнат, јас ќе бидам првиот што ќе каже дека не ги исполнив и ќе дадам отказ. Ова е мојата реалност. Мислам дека сме многу поблиску до успех отколку до пораз. Иако го загубивме Суперкупот, мислам дека сме поблиску до успех отколку до пораз“, потенцираше тренерот на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови