Connect with us

Чави: Имаме две цели до крајот на сезоната

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, не беше особено задоволен по победата над Мајорка (2-1). Каталонците ја прекинаа серијата порази на „Камп Ноу“, но мораа да треперат во последните минути.


„Игравме добро, но не како што јас посакувам, да бидеме доминантни. Беше важно да победиме по овој тежок период во кој се наоѓавме. Наместо удобно да победиме, на крајот си го компликувавме животот. Задачите до крајот на сезоната? Имаме две цели: да се квалификуваме во Лигата на шампионите, што ќе му донесе важен приход на клубот и да завршиме на второто место во поредокот. По оваа победа сме посмирени. Психолошкиот аспект е многу важен. Гостите се предадоа на 2-0, но ние не го затворивме натпреварот“, изјави тренерот на Барселона.

Во следното коло каталонскиот тим му гостува на Бетис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови