
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, ја коментираше победата на неговиот тим против Реал Мадрид (0-1) во првиот полуфинален натпревар од Копа дел реј.
Каталонците се радуваа на победата со автолот на Милитао.
„Игравме добро без топка, но не и со топка. Не знаевме што да правиме со неа кога ја имавме. Сепак, одигравме добра одбрана и го ценам тоа. Оваа компонента е исто така дел од играта. Мислам дека бевме исклучителни и мораме позитивно да го оцениме нашиот настап“, изјави Чави по натпреварот.
Реваншот од полуфиналето во Купот на Кралот меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 5 април на „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
