Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, ги повика фудбалерите на својот тим да не ги повторат грешките од првиот натпревар од Лигата на Европа против Галатасарај, доколку сакаат да обезбедат пласман во четвртфиналето од ова натпреварување. Минатата недела на „Камп Ноу“, Барселона и турскиот клуб одиграа без голови, а каталонскиот гигант имаше катастрофална реализација.
Фудбалерите на Барселона упатија 14 удари кон противничкиот гол, а одличен беше и голманот Ињаки Пења, кој токму од Барселона замина на позајмица во Галатасарај.
„Имам чувство дека и денешниот натпревар ќе многу сличен на првиот. Противникот ќе игра со цврст блок во средниот ред и во одбраната. Треба да знаеме како да ги пробиеме и, се разбира, да бидеме многу поефикасни при реализацијата на шансите. За Барселона секогаш врвен приоритет е Лигата на шампионите и тоа воопшто не е за дискусија, но сега сме во Лигата на Европа и сакаме да го освоиме трофејот во ова натпреварување“, изјави Чави.
Галатасарај вечерва во Истанбул ја пречека Барселона во реваншот, а интересен е и дуелот меѓу Вест Хем и Севилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“













