Connect with us

Чалханоглу: Мислам дека сум еден од петте најдобри во светот на својата позиција

Играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, во разговор за „Газета дело Спорт“, се пожали дека е потценет во фудбалскиот свет. Тој смета дека е еден од петте најдобри играчи во светот на својата позиција.


Во 2017 година Чалханоглу пристигна во Милано за 23 милиони евра од Баер Леверкузен, а потоа пред година и пол без отштета замина од Милано во градскиот ривал Интер. На 78 натпревари за Интер, тој постигна 11 гола и забележа 19 асистенции.

„Јас сум херој за половина град, а другата половина ме мрази. Истиот ден ја слушам песната на навивачите на Интер и навредите на навивачите на Милан. Тоа е фудбал. Навикнат сум“, изјави 29-годишниот фудбалер на Интер.

Тој одговори зошто не се споменува почесто во друштво на Лука Модриќ, Кевин де Бруин, Кашемиро и Педри.

„Мислам дека сум потценет. Така се чувствувам. Не сум далеку од споменатите играчи. Мислам дека сум во Топ 5 во Европа на мојата позиција. Ова го кажувам со понизност. Мислам дека играчите од Премиер – лигата имаат поголема видливост во светот на фудбалот. За мене е важно да напредувам. Ова е најдобрата сезона во мојот живот“, истакна Чалханоглу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови