
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, не беше задоволен по поразот и во реваншот од Баерн Минхен (0-2) во Лигата на шампионите и елиминацијата на неговиот тим од турнирот. Тој изјави дека во ова натпреварување нема простор за грешки, а неговиот тим направил премногу во двата дуела со баварците.
„Во првото полувреме се обидовме да направиме нешто. Бевме блиску до постигнување гол и имавме доста шанси од прекини. Можевме да поведеме, но бевме малку брзоплети. Играчите се потрудија. Но, откако Баерн го постигна првиот гол, стана многу тешко“, изјави Алонсо.
„Лигата на шампионите е турнир во кој немаш право на грешки, а ние направивме премногу. Вечерва ни требаше нешто спектакуларно, но не успеавме. Играта ни беше добра, но ни недостасуваше класа и ефикасност“, додаде Шпанецот.
„Гледам сериозен напредок во тимот и во клубот, но следниот чекор е најтежок. Треба да бидеме реални. Сакаме да се натпреваруваме со најдобрите во светот, но мораме да го правиме тоа на наш начин. Не треба да мислиме дека сè вечерва беше катастрофа“, заврши Алонсо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец
