Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја пречека Осасуна во последниот меч од првото коло на новата сезона во Ла Лига.
Ова ќе биде и првиот првенствен настап на „кралскиот клуб“ под водство на новиот тренер Чаби Алонсо, кој ја презеде екипата по заминувањето на Карло Анчелоти.
„Подготвени сме, иако имавме само две недели за подготовка. Секако дека ќе сметам и на Родриго“, изјави Алонсо пред дуелот.
Мадриѓани во сезоната 2024/25 останаа без трофеј – далеку зад Барселона во Ла Лига, поразени од истиот ривал и во Купот на Кралот и во Суперкупот, додека во Лигата на шампионите беа елиминирани од Арсенал во четвртфиналето. Дополнителен удар беше поразот од ПСЖ (0-4) во полуфиналето на Светското клупско првенство, што го означи крајот на ерата на Анчелоти.
Сепак, Реал ја заврши минатата сезона со позитивна низа од осум натпревари без пораз, а единствената летна контрола оваа година ја заокружи со победа од 0-4 против австрискиот Тирол.
Осасуна минатата сезона беше на чекор до Европа, но заврши со ист број бодови како Рајо Валјекано, кој имаше подобра гол-разлика. Во подготовките, тимот одигра шест пријателски средби (1 победа, 2 ремија, 3 порази), но во последните десет лигашки мечеви од минатата сезона загуби само еднаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













