
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, зборуваше пред утрешниот реванш на домашен терен против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Баварците имаат солидна предност од три гола по првиот натпревар, а задачата за „аспирините“ станува уште потешка откако стана јасно дека големата ѕвезда на тимот, Флоријан Вирц, нема да настапи.
И Баерн, и Леверкузен доживеаја изненадувачки порази на домашен терен во последното коло од Бундес-лигата.
„Многу ми е жал за Фло, особено затоа што беше во одлична форма. Но, сега е вистинскиот момент да покажеме дека сме комплетен тим и дека можеме да победиме и без него. За него е важно да продолжиме во Лигата на шампионите за да може повторно да игра во ова натпреварување оваа сезона. Нема поголем предизвик од утрешниот ден без Фло“, изјави шпанскиот стратег.
„Првиот чекор е да веруваме. Ние и навивачите кои ќе дојдат на стадионот. Тие мора да веруваат од првата секунда дека сме способни да направиме пресврт. Овој натпревар е на друго ниво за нас, може да стане дел од нашата историја ако играме со големо срце, страст, агресивност, интензитет и ладнокрвност. Знаеме колку е тешко, но понекогаш токму ваквите тешки моменти создаваат нешто епско. Се наоѓаме во ситуација во која немаме што да изгубиме. Единствено Баерн може да загуби нешто утре. 100% од навивачите на Баерн веруваат дека нивниот тим ќе оди понатаму. Сигурен сум дека не многу навивачи на Бохум веруваа дека можат да победат откако Баерн водеше со 2-0, но тие направија пресврт и победија. Во фудбалот често се случуваат неочекувани работи, а утре тоа може да се повтори“, продолжи Алонсо.
„Ја освоивме Бундес-лигата без пораз. За мене, тоа веројатно е потежок предизвик од пресврт на утрешниот меч. Ова значи дека тимот е способен за големи нешта. Играчите го знаат тоа и го чувствуваат, што е најважно. Една ситуација што ќе се одвива во наша корист, еден прв гол може да направи огромна разлика утре. Мораме да ги најдеме и да ги испровоцираме тие моменти“, заврши тренерот на Баер Леверкузен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
