
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, официјално потврди дека ќе го напушти германскиот бундеслигаш на крајот на сезоната, со што ги потврди гласините дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.
„Се договоривме со клубот, овие два натпревари ќе бидат мои последни како тренер на Баер Леверкузен“, изјави тој на денешната прес-конференција пред дербито против Борусија Дортмунд
Шпанецот не заборави да се заблагодари на сите во клубот.
„Им должам огромна благодарност на Баер Леверкузен, на играчите, мојот стручен штаб, вработените и – последно, но не и најмалку важно – на неверојатните навивачи“, истакна Чаби Алонсо.
After almost two-and-a-half years, and during the most successful period in the club's history, our head coach, @XabiAlonso, will leave #Bayer04 at the end of the season. pic.twitter.com/SinXlkWJIJ
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) May 9, 2025
Клубот и официјално го потврди заминувањето. Извршниот директор Фернандо Каро изјави дека под водство на Алонсо, клубот стекна трајно признание во светскиот фудбал, а подвизите како титулата во Бундеслигата, Купот на Германија, финалето во Лига Европа и освоениот Суперкуп се нешта за голема гордост.
Алонсо, кој пристигна во октомври 2022, го водеше Баер Леверкузен до историски двоен успех, и покрај поразот во финалето на Лига Европа од Аталанта (0-3), остави голем белег во клубот.
Неговото заминување најавува нова ера во Реал Мадрид, каде ќе го наследи Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
