Реал Мадрид ја отвори новата сезона во Ла Лига со тешка, но вредна победа од 1-0 против Осасуна. Дебито на Чаби Алонсо како тренер на „Сантијаго Бернабеу“ заврши успешно, а стратегот не ја криеше радоста што се врати на клупата на својот поранешен клуб.
„Има многу позитиви, почнувајќи од резултатот – тој е најважен. Осасуна имаше повеќе време за подготовка и тоа се виде, беа добро организиран тим. Ако постигневме гол на почетокот, натпреварот ќе имаше поинаков тек. Враќањето на ‘Бернабеу’ за мене беше нешто специјално и незаборавно. Се надевам дека ова е само првата од многу победи“, изјави Алонсо.
Победата ја донесе Килиjан Мбапе од пенал, а шпанскиот стратег го пофали својот голгетер.
„Се чувствува дека сака повеќе. Можеби е поради бројот на дресот, можеби поради амбицијата да победува, но јасно е дека сака да се надмине себеси и да ги инспирира соиграчите. Го направи токму тоа со клучни потези.“
Алонсо призна дека пред тимот сѐ уште е многу работа.
„Бевме организирани, но ни недостасуваше свежина во последната третина. Тешко создававме чисти шанси и ни недостигаше последното додавање. Сигурен сум дека со време ќе бидеме подобри и ќе фатиме ритам. Осасуна го одигра својот план добро, беше тешко да најдеме простор, но важно е што не нè изненадија со контранапади.“
Со три бода на стартот, Реал Мадрид веќе гледа напред кон следните предизвици, а Алонсо доби убаво деби на „Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













