Connect with us

Чаби Алонсо: Не може Реал да се промени за три тренинга

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, по своето деби на клупата изјави дека ќе биде потребно време за целосна имплементација на неговите идеи во тимот.

Во првиот натпревар од Светското клупско првенство, „кралскиот клуб“ одигра нерешено 1-1 против Ал-Хилал, резултат што беше под очекувањата, но и сигнал дека започнува процес на трансформација.

„Свесен сум дека нема да оди брзо. Постојат сегменти од играта кои мора да се променат и тоа ќе го направиме со време. Работиме на тоа“, истакна Алонсо.

„Имавме само девет дена подготовка, а некои фудбалери едвај одработија три тренинзи. Тоа не е доволно за да се изградат автоматизми, но сега сме на турнир и секој натпревар е можност за напредок. Тоа што го замислуваме нема да се реализира преку ноќ“, додаде стратегот на „кралевите“.

Алонсо, кој го презеде кормилото на Реал по заминувањето на Карло Анчелоти, се обидува да го наметне својот стил на игра, но јасно стави до знаење дека процесот бара трпение.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови