Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, беше задоволен по заокружувањето на тешката гостинска победа над Хетафе со минимални 0-1 во натпреварот од деветтото коло во шпанската Ла Лига. Тој гo истакна индивидуалниот придонес на своите играчи и нивната борбеност во физички исцрпувачки натпревар.
„Винисиус имаше позитивно влијание врз играта. Жолтите картони, измените – сето тоа ни донесе предност што знаевме да ја искористиме. Ова е добар пример за тоа колку секој играч е важен. Арда Ѓулер внесе свежина и одлично го најде Мбапе со прекрасно додавање“ изјави Алонсо.
Тој призна дека дуелите со Хетафе на нивен терен никогаш не се лесни.
„Да се игра против ваков противник како гостин секогаш бара карактер. Мораш да бидеш подготвен за борба и да знаеш дека натпреварот нема да биде атрактивен. Но, ние останавме фокусирани, дисциплинирани и направивме сè што беше потребно. Мораше да ги засукаме ракавите“, рече Алонсо со насмевка.
Тренерот на „кралевите“ се осврна и на двете исклучувања во редовите на Хетафе, кои го олеснија патот до победата.
„Кога противникот остане со деветмина, не смеат да се случуваат ситуации како онаа на крајот – губевме топка и не стоевме добро во позиција, иако имавме бројна предност. Но, најважно е што ги освоивме трите бода, останатото ќе го анализираме“, додаде тој.
На крајот, Алонсо потенцираше дека колективот е клучот на успехот, иако има играчи со ѕвезден статус.
„Не би рекол дека сме зависни од Мбапе, туку дека сме многу среќни што го имаме. Тој носи одлучувачки придонес со головите и учеството во играта. Но секој во овој тим има своја важна улога“, заклучи Алонсо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













