Connect with us

Чаби Алонсо ќе донесе во Реал трио од Баер Леверкузен

Тројца играчи на Баер Леверкузен се цел на интерес на Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.
Мадридскиот гигант ги следи настапите на дефанзивецот Џереми Фримпонг, играчот од средниот ред Флоријан Вирц и напаѓачот Виктор Бонифејс.


Холанѓанецот Фримпонг во тековната сезона одигра 16 натпревари на кои постигна пет голови и забележа седум асистенции. Германскиот репрезентативец Вирц има шест гола и 10 асистенции на 17 натпревари.

Нигериецот Бонифејс, кого го следат и други врвни клубови во Европа, оваа сезона има 11 гола и шест асистенции на вкупно 16 натпревари во сите натпреварувања.

Баер Леверкузен во моментот е лидер во германското првенство со 31 бод од 11 кола.

Триото треба да пристигне во Реал Мадрид на почетокот на следната сезона, заедно со тренерот Чаби Алонсо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови