
Реал Мадрид продолжува активно да работи на летниот преоден рок со фокус на Светското клупско првенство, но и на претстојната сезона, во која клубот сака да му обезбеди на Чаби Алонсо состав способен да се бори за сите трофеи. Веќе пристигнаа Дин Хујсен (20) и Трент Александер-Арнолд (26), а се чека и официјална потврда за трансферот на Франко Мастантуоно (17).
Сѐ уште трае борбата за Алваро Карерас (22), но клубот е во потрага и по клучно засилување во средниот ред — позиција која Чаби Алонсо ја идентификуваше како критична поради заминувањето на Лука Модриќ и Тони Крос. Според пишувањата на „АС“, главната желба на новиот тренер на Реал е Мартин Зубименди, 26-годишниот играч за врска од Реал Сосиедад.
Иако изгледаше дека Арсенал е без конкуренција за неговиот потпис, Реал Мадрид сè уште не се откажува. Во последните неколку недели владееше песимизам во клубот бидејќи Арсенал делуваше поодлучно и беше подготвен да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра, додека Реал разгледуваше поевтини алтернативи како Анџело Штилер од Германија.
Сепак, „АС“ наведува дека Алонсо лично инсистира на Зубименди, а во клубот заклучиле дека ниту една друга опција не нуди сличен квалитет. Дополнителна предност за Реал е што Зубименди сака да остане во Шпанија, а и го познава Алонсо — двајцата соработувале во Б тимот на Реал Сосиедад, имаат ист менаџер и излегле од младинската школа на Сосиедад.
Поради тоа, Зубименди ги паузирал преговорите со Арсенал и чека развој на ситуацијата со Реал Мадрид, знаејќи дека Англичаните нема да се откажат од него дури и ако не се реализира трансферот во Мадрид. Планот на Реал е да се обиде да ја намали откупната клаузула преку договор што би вклучувал позајмица на некој од своите играчи – било од првиот тим или од академијата, чии таленти често се барани меѓу шпанските клубови.
Се разгледува и прашањето на платата. Арсенал наводно нуди 10 милиони евра нето по сезона, што значително го надминува строго контролираниот платен систем на Реал. Гигантот од Мадрид е подготвен да понуди 7 милиони евра во првата година од договорот, со можност за зголемување во следните години. Зубименди ќе треба да прифати помала плата ако сака да заигра за „кралевите“.
Зубименди ја заврши сезоната со 48 настапи за Реал Сосиедад, постигнувајќи два гола и една асистенција. Беше старет во седум од последните девет натпревари за шпанската репрезентација и е повикан и за јунискиот репрезентативен собир — што потврдува дека е еден од најважните играчи во средниот ред на Шпанија.
Тој целата своја фудбалска кариера ја има поминато во Реал Сосиедад, минувајќи ги сите младински категории на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
