Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид, е решен да доведе централен дефанзивец следното лето, со фокус тоа да биде без трансферна сума. Шпанскиот весник „Марка“ повторно се осврна на темата и според нивните информации, тројца играчи се на радарот на мадридскиот клуб, но се споменува и Жоан Мартинез, кој се опоравува од тешка повреда.
Чаби Алонсо располага со сигурни централни дефанзивци во Дин Хаусен и Едер Милитао, но зад нив се и Раул Асенсио, Антонио Рудигер и Давид Алаба.
Договорите на двајца од тројцата „резервисти“ истекуваат следното лето во 2026 година, што го прави доведувањето на нов играч на оваа позиција неопходно.
Приоритет за Реал Мадрид останува Ибрахима Конате, кој сè уште не го продолжил договорот со Ливерпул, но во последните недели и Марк Гехи и Дајот Упамекано се вклучени во трансферните планови на „кралскиот клуб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













