На „Сантијаго Бернабеу“ е вклучен црвениот аларм пред едно од најнезгодните гостувања оваа сезона. Чаби Алонсо заминува во Баскија сериозно ослабен, без дури 11 фудбалери, во момент кога секој погрешен чекор се анализира до детали. Натпреварот против Алавес може да донесе последици кои одат многу подалеку од самиот резултат.
Реал Мадрид се наоѓа во крајно чувствителна ситуација пред дуелот со Алавес, каде што притисокот не остава простор за оправдувања.
Ситуацијата дополнително се компликува поради фактот што Алонсо не може да смета на дури 11 играчи од ростерот.
Комбинацијата од повреди и суспензии го остави стручниот штаб без клучни решенија во речиси сите линии на тимот.
Најкритично е во одбраната, каде што тренерот има на располагање само двајца целосно подготвени првотимци.
Подолг период надвор од терените се Трент Александер-Арнолд, Дани Карвахал, Давид Алаба, Едер Милитао, Антонио Рудигер и Ферлан Менди.
На тоа се надоврзаа и нови проблеми од последното првенствено коло против Селта Виго. Милитао повторно се повреди, додека Фран Гарсија, Алваро Карерас и Ендрик добија исклучувања и поради тоа се суспендирани за дуелот со Алавес.
Кога ќе се додадат и отсуствата на Едуардо Камавинга и Килијан Мбапе, станува јасно колкав удар претрпе составот на Реал Мадрид.
Вкупно, Чаби Алонсо за мечот против Алавес нема да може да смета на: Трент Александер-Арнолд, Дани Карвахал, Давид Алаба, Едер Милитао, Антонио Рудигер, Алваро Карерас, Фран Гарсија, Ферлан Менди, Едуардо Камавинга, Килијан Мбапе и Ендрик.
Ваква листа на недостапни фудбалери ретко се гледа дури и во најцрните сценарија, но токму тоа е реалноста со која Алонсо мора да се соочи.
Поради тоа, широко се отворија вратите за младинците, па во првиот тим се приклучени тројца јуниори – дефанзивците Жоан Мартинез и Виктор Валдепењас, како и играчот за врска Кестеро.
Нивното присуство во конкуренција за натпреварот најдобро ја отсликува сериозноста на проблемите со кои моментално се соочува Реал.
Секој потег на Чаби Алонсо вечерва ќе биде под лупа, бидејќи резултатот може директно да влијае врз неговиот статус на клупата.
Во Мадрид веќе тивко се зборува дека уште еден кикс би можел да ја натера управата да размисли за радикални чекори. Како првично решение ќе биде поставен Алваро Арбелоа, тренерот на вториот тим на „кралскиот клуб“.
Натпреварот меѓу Алавес и Реал Мадрид се игра вечерва со почеток од 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













