Connect with us

Бутрагењо: Анчелоти има договор со Реал и е одличен тренер

Реал Мадрид ја загуби европската круна откако беше декласиран вечерва на „Итихад“ од Манчестер Сити со 4-0. Англискиот тим ќе патува во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул, а „кралевите“ ќе преспитуваат каде погрешија.


Веднаш по елиминацијата и прашање за директорот на Реал, Емилио Бутрагењо, дали Карло Анчелоти ќе остане тренер и следната сезона.

„Манчестер Сити заслужено победи. Ова беше лоша ноќ за нас. Не бевме ни блиску. Ова не мора да значи крај на еден циклус. Имаме група млади и стари играчи кои постигнаа многу заедно. Анчелоти е одличен, тој има договор со Реал и освои сѐ со нашиот клуб“, изјави спортскиот директор на Реал, Емилио Бутрагењо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови