
Срамот против Италија ја „забрза“ работата, па нов терен треба да „светне“ на арената „Тодор Проески“ до квалификацискиот меч против Англија во средината на ноември. Од утре, како што дознава МАКФУДБАЛ, механизацијата влегува на Арената и ќе се подготвува целиот проект за поставување на нов хибриден терен, со нова дренажа и систем за наводнување.
Хибридниот терен треба да биде донација од Фудбалската федерација на Македонија, а тоа, со оглед дека арената „Тодор Проески“ е под АД за изградба и стопанисување со станбениот и деловниот простор, треба да го одобри и Владата на итна седница.
Пукна срам на мечот меѓу Македонија и Италија, цела Европа пренесе дека на арената се игра на терен кој наликува на нива за одгледување компири, па сега ќе мора конечно комплетно да се реновира и да се постави нов хибриден терен. Работите ќе треба да се изведуваат во наредните шест седмици и сѐ да биде готово до натпреварот против Англија, кој е закажан за 20. ноември во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
