
Арсенал ја исполни својата мисија, славеше со 2-1 против Фулам на „Емирати“ и се зацврсти на второто место во Премиер лигата.
Арсенал поведе преку Мерино во 37. минута, а Сака ја потврди победата во 73. минута, реализирајќи по асистенција на Мартинели. Ова беше совршено враќање за англискиот репрезентативец, кој само седум минути по влегувањето во игра најде пат до мрежата, 101 ден по неговиот последен настап.
Почесниот погодок за Фулам го постигна Родриго Муниз во 94. минута.
🚨🏴 GOAL | Nottingham Forest 1-0 Manchester United | Anthony Elanga
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 1, 2025
WHAT A GOAL FROM ANTHONY ELANGA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/jyxPvWSMIk
Нотингем Форест цврсто се држи за курсот кон ЛШ откако го победи Манчестер Јунајтед на домашен терен со 1-0. Ентони Еланга, поранешниот играч на „ѓаволите“ му пресуди на Јунајтед на овој меч, постигнувајќи го единствениот гол уште во петтата минута.
Вулверхемптон минимално го совлада Вест Хем со 1-0, благодарение на голот на Јорген Ларсен во 21. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
