Работнички стартуваше со засилувањата за пролетниот дел од шампионатот во кој еден од најдобрите македонски клубови ќе брка европски излез. Како што дознава ЕКИПА, ново име на „романтичарите“ е бугарскиот интернационалец Николај Дилгеров, поранешен фудбалер на ЦСКА Софија, Славија, Лудогорец, Локомотив Пловдив и израелскиот Хапоел Ирони. 30-годишниот Дилгеров, кој ќе го засили средниот ред, е поранешен младински репрезентативец на Бугарија, а во Работнички доаѓа од редовите на Царско село каде настапуваше во првиот дел од сезоната.
Македонскиот клуб и Дилгеров веќе се договорени за шестмесечна соработка, до јуни 2019 година, со можност за продолжување на истиот. Работнички подготовките за пролетниот дел ги стартува на 8. јануари кога и бугарскиот интернационалец се очекува да се приклучи на тимот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski