Раководството на Фудбалската федерација на Бугарија ја разгледува опцијата источниот сосед да биде домаќин на Македонија на стадионот „Хувефарм Арена“ во Разград. Една од причините за ваквата промена е трибините на стадионот да бидат полни и тимот да почувствува поддршка, бидејќи полесно може да се соберат 7.000 навивачи од 40.000 колкав што е капацитетот на стадионот „Васил Левски“ во Софија. Исто така постои и загриженоста за можни провокации од ултраси во главниот град поради затегнатите односи меѓу двете земји.
Македонија треба да гостува кај Бугарија на 2 јуни во првиот натпревар од Лигата на нации. Во групата се уште и Грузија и Гибралтар.
„Тоа може да се случи. Разговаравме со стручниот штаб некои од натпреварите да се играат на различно место од Софија. Една од опциите е да се нагости Македонија во Разград. Сепак, ова се само разговори, во оваа фаза не е донесена конечна одлука“, изјави за техничкиот директор на репрезентациите, Георги Иванов-Гонзо.
Како што е познато, репрезентацијата на Бугарија традиционално е домаќин на стадионот „Васил Левски“ во Софија, каде од различни причини последната деценија ретко се собираат доволен број навивачи на трибините.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













