Џанлуиџи Буфон е се поблиску до неверојатно враќање во Парма по цели 20 години од неговото заминување од стадионот “Енио Тардини”, тврди трансфер експертот Фабрицио Романо. Многу светски клубови беа заинтересирани за неговиот потпис, но Буфон, иако изјави дека размислувал за пензија, ќе ги одложи тие планови со цел кам-бек во клубот каде ја започна својата кариера уште во 1995 година.
43-годишниот поранешен репрезентативец на Италија ги напушти “млекарите”во 2001 година и му се придружи на Јувентус, а со тек на годините, тој успеа да заработи легендарен статус во клубот, иако помина една година во францускиот гигант, Пари Сен Жермен.
Буфон ќе потпише договор до 2023 година и иако не повеќе е дел од италијанската репрезентација, Романо додава дека фудбалскиот ветеран се надева дека доколку успее да го врати второлигашот во Серија А, ќе заработи свое место како трет голман во составот на Роберто Манчини за претстојното Светско Првенство во Катар во 2022 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal