Секој ден има нова шпекулација околу иднината на легендарниот Џанлуиџи Буфон. Тој одлучи да замине од Јувентус поради малата минутажа што ја имаше минатата сезона, а низ медиумите во Италија постојано се споменуваат нови клубови кои се заинтересирани за негов ангажман. Сепак, можно ли е на крајот Џиџи Буфон да одлучи да замине во пензија. Самиот споменува таков развој на настаните.
„Сега сакам само да се одморам и да наполнам нова енергија. Не сакам да жалам за ниту еден избор што го направив во кариерата. Дали сум среќен денес? Да, многу сум среќен, не барам ништо подобро. Исто така, можам во секој момент да заминам и во пензија, мислам дека направив доволно во мојата кариера“, изјави Џанлуиџи Буфон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













