
Во пресрет на полуфиналниот натпревар од Лигата на нации меѓу Португалија и Германија во Минхен, капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, потврди дека ја одбил понудата од Ал-Хилал вредна околу 230 милиони евра, затоа што сака да игра фудбал на највисоко ниво.
„Претседателот на Ал-Хилал ме повика пред еден месец за да праша дали постои можност да дојдам. Ми требаше време да размислам за иднината. Разговарав со Рубен Аморим, кој ме одвраќаше од тоа. И клубот беше јасен – не сакаа да ме продадат освен ако јас не инсистирам“, изјави Фернандеш.
Иако финансиите биле импресивни – плата од околу 200 милиони долари – 30-годишниот Португалец одлучил дека е поважна неговата амбиција да остане во елитниот фудбал и да продолжи да настапува во врвни натпреварувања.
„Сакав да продолжам да играм на највисоко ниво. Уште чувствувам страст кон фудбалот. Оваа одлука ја донесовме како семејство, но крајниот збор беше мој“, објасни тој.
Фернандеш потврди и дека семејството било важно во процесот на одлучување, спомeнувајќи дека неговите деца се дружат со деца на фудбалери како Рубен Невеш и Жоао Кансело, кои се во Саудиска Арабија.
Со оваа одлука, Бруно Фернандеш испраќа јасна порака дека неговиот приоритет останува натпреварувачкиот предизвик, а не само финансиската добивка – нешто што сигурно ќе ги радува навивачите на Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
