Португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш и официјалн потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед. Тој се обврза на верност до 2026 година, а ќе добива значително поголема плата од досегашната на „Олф Трафорд“.
„Вистинска привилегија е да се носи дресот на овој клуб. Најмногу од се сакам навивачите да бидат среќни и да им подариме трофеи. Верувам дека најдоброто допрва доаѓа. Од моментот кога дојдов во Манчестер Јунајтед, имам посебен однос со клубот и нашите неверојатни навивачи. Пораснав гледајќи ги натпреварите на Манчестер Јунајтед и сонував еден ден да добијам шанса да играм овде. Сега сонот е реалност, а ние заедно сонуваме за освојување на титули“, изјави Бруно Фернандеш по потписот на новиот договор со Манчестер Јунајтед.
Бруно Фернандеш беше двоен стрелец за Португалија на финалниот бараж дуел против Македонија (2-0) и ја одведе својата репрезентација на Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













