
Италијанскиот калчолигаш Интер ќе потпише нов договор со хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ. Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а за потенцијално продолжување се пишува веќе некое време.
29-годишниот играч за врска би требало да заработува 6,5 милиони евра годишно. Интер треба да му исплати дополнителни бонуси за успесите со клубот, а договорот ќе биде потпишан до 2026 година.
Брозовиќ во Интер е од 2016 година и е еден од клучните играчи во тимот на Симоне Инзаги. Тој во овие месеци беше поврзуван со бројни клубови, пред се со Барселона, која планираше да го доведе, но фудбалерот сепак одлучи да остане во Милано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
