
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски би можел до крајот на зимскиот преоден рок да го напушти Удинезе. Клубот е пред ангажман на Фернандо Љоренте од Наполи, а тоа значи дека минутажата на Несторовски уште повеќе би била лимитирана.
Нестор-гол најверојатно ќе остане во Италија затоа што за него се интересираат три клуба од Серија Б. Најпривлечна за Несторовски е понудата на Бреша, клуб со голема традиција кој оваа сезона игра под очекувањата и потребен им е напаѓач за да се обидат да стигнат до место во плејофот.
Порденоне, исто така клуб од Серија Б, се надева дека Удинезе ќе сака да направи размена. Клубот е подготвен да го испрати Давиде Дијао во Удине, доколку калчолигашот се согласи да го даде Несторовски.
Спал е третиот клуб од Серија Б кој има интерес за ангажман на Илија Несторовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
